Во Русија приведена е група граѓани од Централна Азија, за која постои сомневање дека планирала да изврши терористички напад.
Нападот требало да се изведе по налог на сириските и турските терористички водачи. Руската безбедносна агенција ги привела луѓето за кои се сомневала дека можат да го спроведат овој план.
Нападот требало да се изведе за националниот празник Денот на победата во Москва. Деновиве имаше бројни настани во главниот град на Русија, со што имаше голема фреквенција на луѓе што би одело во прилог на терористите за извршување на напади. Запленето е и оружје од припадниците на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.