| четврток, 6 декември 2018 |

„Мачо“ мажите живеат пократко

Припадниците на посилниот пол поретко одат на лекар и бираат мажи лекари верувајќи дека тие се постручни од жените во бел мантил.

Зошто мажите живеат покусо од жените, е прашање за кое научниците понудија низа одговори, како поголема употреба на дрога, алкохол и цигари, до поголема изложеност на насилство.

Но, психолозите од Ратгерс Универзитетот, вината ја пронајдоа во „мачо“ ставот.

По низ интервјуа со жени и мажи, истражувачите утврдиле дека припадницте на посилниот пол поретко одат на лекар.

Најмалку доктор посетиле „мачо“ момците кои верувале дека во случај на здравствени проблеми треба да бидат јаки, храбри и да се ослонат на себе.

Како што велат научниците, мажите се воспитани да бидат силни и да не покажуваат слабост пред другите, дури и другиот да е професионалец.

Истражувањето кое би требало да ги предупреди „мачо“ момците да размислат за својот став и на тој начин да си го сочуваат живтот, е објавено во магазинот „Превентивна медицина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top