Поради голем пожар кој поради ветерот и високите температури на воздухот неконтролирано се шири наредена е евакуација на околу 100.000 жители од канадскиот град Форт Макмари.
Тоа е најголема евакуација во историјата на Канада, а властите предупредуваат дека ситуацијата би можела да влоши.
Засега нема повредени лица, а околу 80.000 луѓе веќе ги напуштиле домовите.
Во само едно предградие огнот уништи 80 проценти од домовите, а значително оштети имоти во низа населби во градот во областа Алберта.
Пожарот неконтролирано се шири поради ветерот што дува со брзина од 50 километри на час и многу брзо се проширува кон населените подрачја. Покрај ветерот во областа е забележана и рекордно висока температура за ова време од годината – 30 степени Целзиусови.
Во гаснењето на огнот ангажирани се девет канадери, десерина хеликоптери и околу стотина пожарникари, а 160 полицајци ја спроведуваат евакуацијата.
Нафтените компании веќе поставија засолништа во своите населби за работниците. Алберта е индустриска област кадесе наоѓаат голем број нафтени наоѓалишта. Резервите на нафта во тој дел на Канада се трети по големина во светот, зад Саудиска Арабија и Венецуела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст