Хенри Грили, професор на Стенфорд, предвидува дека во иднина нема да биде потребен полов однос за продолжување на човечката раса и верува дека за 20 години поголемиот број деца ќе бидат зачнати во лаборатории и со тоа сексуалниот однос веќе нема да има цел, односно репродукција.
-За 20 до 40 години секоја двојка која ќе посака да има дете, мажот ќе мора да донира сперма, а жената парче кожа – изјави Грили и објасни дека техничасите во лабораторијата од кожата може да направат матични клетки кои потоа ќе ги претворат во јајце-клетки. Така потоа тие ќе бидат оплодени со сперма, а двојката ќе добие серија ембриони.
-Научниците потоа ќе ги анализираат ембрионите и ќе им доделуваат плусеви и минуси – тврди Грили.
По проучување на предноста и недостатокот на ембрионот, идните родители ќе одберат кои ембриони ќе сакаа да ги задржат и тие ќе бидат вметнати во матката на жената.
Грили објаснил дека ембрионите ќе бидат поделени во категорија за да го олеснат избирањето на идните родители. Првата категорија ќе има ембриони со тешки болести, а другата со лесни. Третата категорија е физичкиот изглед, односно бојата на очи, на коса и слично. Четвртата категорија предвидува однесување.
-Во четвртата категорија информациите се ограничени, но ќе може да кажеме која е веројатноста дека детето ќе биде многу интелигентно – изјави Грили.
Тој тврди дека овој начин на репродукција ќе стане нормален посебно во земјите каде што посета на лекар е многу скапа. За да се избегне можноста од раѓање деца со болести, родителите ќе се решат на овој чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.