Обожавателите ја исмеале и ја осудиле во повеќе од 20 000 коментари.
Триесетипет годишната ѕвезда на реалните шоу програми и мајка на две деца, Ким Кардашијан успеа да налути голем број на луѓе кои остро ја осудиле во коментарите на видеото кое го објавила.
Имено, сопругата на Кање Вест на својот профил на Инстаграм рекламира апликација која го олеснува организирањето на патувањата. Меѓутоа, реакциите не биле баш позитивни.
-Ако сте мајка тогаш знаете колку е лудо да се патува со две деца – не воведува Ким на почетокот на оваа видео снимка.
-Поради тоа му благодарам на Џетсмартер, постои апликација на која можете да отидете, пронајдете приватен авион за себе и своето семејство и брзо и лесно се да завршите. Ви благодарам Џетсмартер ми го спасивте животот.
Нејзините следбеници на социјалните мрежи пак сметаат дека оваа апликација не е неопходна. Тие го исмеале нејзиниот снобизам и нејзиното сваќање дека сите луѓе имаат пристап до приватни авиони.
-Хаха, како ли луѓето патувале без оваа апликација?
-Му благодарам на Господ што ја имаме оваа апликација со која ќе ги спасиме нашите деца. Затоа што секој од нас има пари за приватен авион.
-Не можам да дочекам да ја купам оваа апликација, па и мене да ми го спаси животот – се само некои од коментарите на видео снимката која ја објавила Ким.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.