| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно „да“ на естрадата: Сѐ беше прекрасно… дождот, датумот, местото и човекот на мојот живот!

sofija maneva

Софија Манева деновиве му кажа „да“ на својот дечко Ангел, со кого е во врска само неколку месеци. Запросувањето се случило во Рим, а пејачката воопшто не очекувала дека тој ќе клекне и ќе ја побара нејзината рака, па поради тоа била во голем шок.

Нашиот план беше на одиме на патување во Рим за Велигден, а го избравме овој град поради богатата архитектура и многуте цркви кои сведочат за постоењето на Исус Христос, за неговото распнување и воскреснување.

13076549_1009647572444877_6990792235100062947_n

Ме запроси на третиот ден од престојот. Точно на Велигден. Најпрвин бевме на вечера и потоа тоа решивме малку да прошетаме. Врнеше многу дожд и беше романтично, а кога стасавме до Фонтана ди треви, тој клекна пред мене и ме праша дали сакам да му бидам жена до крајот на животот. Бев во многу голем шок! Воопшто не очекував да се одлучи токму сега на ваков чекор и покрај тоа што секој ден откога сме заедно ми кажуваше дека јас сум тоа што го барал и дека јас сум таа што ќе му биде жена и мајка на неговите деца.

13094222_1009647635778204_1131811427788654305_n

Сѐ беше прекрасно… дождот , целата атмосфера, датумот, локацијата и човекот на мојот живот. Тој е многу внимателен и посветен, па беше запазен секој детал и овој пат, откри Софија, која во венчаница ќе ја видиме дури идната година ова време.

13082541_1009647705778197_1068583266070522744_n

Засега планираат да се регистрираат и да се венчаат во црква во септември оваа година, а свадбата најверојатно ќе ја прават во мај в година, затоа што и двајцата сакаат свадба на отворено, вели Софија за „Вечер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top