| четврток, 6 декември 2018 |

Дали и вие вака го лажете лекарот?

Во поголем број случаи пациентите не сакаат да го лажат лекарот и тоа го доживуваат како разубавување на вистината, бидејќи не сакаат да се посрамотат пред лекарот. Но, тие безначјани, наизглед ситни лаги, може да имаат големо влијание на здравјето.

Кои се петте најголеми лаги кои му ги кажуваме на лекарот?

Се хранам правилно

Луѓето кои имаат дијабетес, висок холестерол и вишок килограми често велат дека се хранат здраво и дека не им е јасно зошто и понатаму не губат на тежина. Дури и кога резултатите велат дека не е така, многу пациенти и понатаму тврдат дека не јадат заситени масти и рафиниран шеќер.

Ретко пијам алкохол

Многумина тврдат дека месечно пијат неколку чаши вино или пиво, а всушност таа количина ја пијат за една недела. Ако резултатите од истражувањето на црниот дроб не се добри, а лицето негира дека често пие алкохол, тоа може да доведе до непотребни компликации, бидејќи многу лекови не смеат да се пијат во комбинација со алкохол.

Ги немат тие симптоми или ги имам сите симптоми

Онколозите често се среќаваат со случаи во кои пациентот не сака да каже дали чувстува одредени нус-појави во лечењето во страв да не биде прекината терапијата. Но, лекарите најчесто нема да го прекинат лечењето туку само ќе се прилагодат на пациентот. Но, некои пациенти посебно оние постарите, се плашат дека лекарот нема да ги сфати сериозно ако не претераат со симптомите.

Редовно ја земам терапијата

Кога лекар ќе праша дали го пијат лекот како што е пропишано, многумина автоматски велат да. Но, ако тој продолжи со потпрашања, ќе се открие дека пациентот некогаш заборава да го земе лекот навечер или пак не стасале да одат до аптека по нова доза.

Секогаш практицирам сигурен секс

Една од најчестите лаги кои гинеколозите ги слушаат од своите пациенти, без разлика на возраста, а кои немаат постојан партнер, е дека секогаш пратицираат сигурен секс. Но, користење презерватив е многу важно бидејќи штити од инфексии кои се пренесуваат по сексуален пат, несакана бременост, ХИВ и други болести.

Жените на средна возраст често се и ноншаланти во користењето заштита, бидејќи знаат дека нема опасност да забременат. Но, сексуелно преносливите болести се во пораст и затоа треба да се користи кондом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top