Во Италија крадење храна за да се прехрани некој не е кривично дело. Бездомникот Роман Остријаков беше фатен како краде сирење и колбаси, во вкупна вредност од 4,7 евра. Остријаков кој е од украинско потекло, бил осуден во минатата година на дури шест месеци затвор и парична казна од 100 евра. Но, Судот ја отфрли пресудата на Основниот суд во Џенова, против него.
Адвокатите кои го бранеле по службена должност поднеле жалба прво до основниот Апелациски суд, а потоа и од Врховниот касационен суд. Според Остријаков и неговите бранители, делото било направено само од потребата тој да се нахрани.
Инцидентот се случил уште во 2011 година, во еден супермаркет во Џенова.
Судиите заклучија дека крадењето мало количество храна, за да се задоволат виталните потреби за храна (како во случајот на Остријаков) не претставува кривично дело. „Осудениот го сторил тоа од „моменталната и есенцијална потреба за храна„ се вели во пресудата на италијанскиот Врховен касационен суд.
Случајот на бездомникот од Џенова предизвика внимание во домашната јавност, во која поголемиот дел го поздравува решението на судиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.