| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓевски: Опозицијата да се дистанцира од изјавите на Вранишковски

Во вестите на ТВ Нова гостуваше Бранко Ѓорѓевски, уредник во весникот „Дневник“. Тој за изјавите на владиката Вранишковски вели дека мора да има реакција и оградување од оние за кои тие изјави се наменети, односно носителите на „шарената револуција“ и лидерите на опозицијата.

branko-gorgevski

-Тие мора јасно да се дистанцираат од ова и да се изјаснат дали тие сметаат дека е потребно да се изврши такво некое превреднување на вредностите од комунизмот. Јас до сега не сум слушнал дека лидерите на протестите истакнале некаква заложба за превреднување на вредностите од комунизмот. Не сум слушнал ни од опозицијата, меѓутоа не ми се допаѓа што постои и еден молк од таа страна. Тие мораат јасно да се оградат од тоа барање, вели Ѓорѓевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top