Хрватска и Бугарија го поддржуваат проширувањето на Европска унија со сите земји од Западен Балкан, но тие држави треба да ги исполнат неопходните критериуми, изјавија денеска во Загреб хрватскиот и бугарскиот министер за надворешни работи Миро Ковач и Даниел Митов.
– Се согласуваме со политиката на проширување, го поздравуваме проширувањето и сакаме да исчезне црната дупка на европските карти и нашите југоисточни соседи еден ден да бидат дел од ЕУ, но, се разбира, треба да ги почитуваат критериумите и да ги исполнат стандардите – изјави Ковач по средбата со Митов, кој е во дводневна официјална посета на Хрватска.
Митов одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија ја поддржува хрватската блокада за отворање на поглавјето 23 од преговорите на Србија со ЕУ, тој посочи дека „проширувањето на ЕУ е многу важно“ и дека неговата земја ќе продолжи со поддршката, јави БТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.