Зад завесите интензивно течат преговорите меѓу двете најголеми македонски политички партии, дознава Прес 24 од партиски извори од двата табора. Според неофицијалните информации, во периодот пред празниците била остварена и тет а тет средба меѓу двајца високи партиски функционери од двата табора. Што се разговарало на средбата се уште нема информации. За неа, од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ нема ниту потврда ниту демант.
Интересно е што во истиот период и албанската политичка партија ДУИ повика на продолжување на разговори и барање начин за излез од кризата.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска рече дека неговата партија е подготвена да преговара под услов аболицијата да биде укината а Собранието повторно да биде свикано.
„И граѓаните, и вие новинарите знаете, дека конструктивниот фактор во целиот овој процес е опозицијата и ние остануваме да бидеме конструктивен фактор. Нашите услови јавно ги соопштуваме: укинување на аболицијата и свикување на Собранието заради исполнување услови за регуларни избори. Ако тоа биде ставено на маса, ние сме овде како конструктивен партнер во преговорите“, рече Заев
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу аболицијата е прилично јасен. Партијата во повеќе наврати побара од Претседателот Иванов таа да биде укината, а највисоките партиски функционери и лично побараа од Претседателот да дозволи да течат постапките во кои тие се наоѓаат под истрага и во кои евентуално би можело да бидат обвинети.
Што се однесува до повторно свикување на Собранието, собранискиот спикер Вељаноски излезе со став дека за тоа не постојат услови.
Се очекува во периодот кој следи, преговорите за надминување на кризата да добијат дополнителна динамика за да може, евентуално да биде фатен рокот 11 мај, кога до полноќ партиите ќе мора да ги достават кандидатските листи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст