| четврток, 6 декември 2018 |

По Хан и Обама му пиша на СДСМ!

obama3

По трогателното писмо до СДСМ, кое сосема случајно се поклопи со сите нивни желби и кое пред неколку дена го срочи лично еврокомесарот Јоханес Хан, денеска и американскиот претседател Барак Обама му пишал на Зоран Заев, дознава ексклузивно „Минус инфо.“

Како што пренесува порталот, повикувајќи се на високи извори од Белата куќа,  во своето долго писание Барак му порачал на Зоран дека е на вистинскиот пат за демократско и фер уништување на земјата и дека никако, ни на крај памет не смее да оди на избори, барем до мај 2019-та година.

Извори на ТВ „24 паравести“ пак, пренесуваат дека најмоќниот човек на светот му срочил на струмичкиот градоначалник и земјоделец оти освен што треба да престане да ги продава отровните корнишони, да прислушува, да мести тендерии да не ги вози скапите АТВ возила и истовремено да зборува за убавините на природата и мирисот на тревата –Заев мора да побрза со спроведувањето на кризата, оти касата на неговиот сонародник – човекољубецот со унгарско потекло требало да се пренасочи кон нова обоена револуција, некаде во Јужна Америка.

Два часа потоа, откако во Стејт департментот остро демантираа дека Барак Обама му пишал што и да е на Заев и дека немал ни поим кој е тој политичар, ТВ „Селма“ во својот дневник пренесе смирувачки оти Обама, сепак,  бил на ниет да му напише писмо на Заев, ама нобеловецот се предомислил поради обврските за скарата за 4 јули, за која традиционалната подготовка траела три месеци. Проблемот бил уште поголем, што сега Џес Бејли изричито одбил да биде Аиво Орав и не сакал ни под разно да го пере својот надреден како што тоа го стори амбасадорот на ЕУ по непостоечкото писмо на Хан. Доаѓал 9-ти мај, а Бејли бил на тешки маки како да се извини за објавените непосточеки цивилни жртви во „Диво насеље“ пред една година.

Како и да е, и двете непостоечки писма, иако не се од Обама и Хан, како урнек за одлична идеја и насока за иднина,стојат врамени во злато во канцеларијата на лидерот на екс Бихаќка, соопштија независните медиуми, кои добија инстант – просветлување и за кои еден рекетар стана новинар.

За авторството на лажните писанија се водела тешка битка – во ходникот во седиштето на партијата за ловориките и потписот на писмата се степале Геро, Саки, Тричко, Саше, Боки и Мра, пренесе  ексклузивно „А1, оф!“  наведувајќи притоа дека јуришниците многу се гребеле, касале и силно врискале по кулоарите. Сите завршиле во „Плеј“ на кафе, а гребаниците и каснатините затскриени со многу пудра, останале единствен доказ за тешката, професионална битка за новинарството на екс Бихаќка.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top