| четврток, 6 декември 2018 |

Шарен револуционер не може да поверува дека е вторник

saren revolucioner
Шарен револуционер утринава гласно ја искажал својата збунетост, шок и неверување дека заврши продолжениот викенд и дека протестите во Скопје ќе продолжат.
После неколкуте дена поминати на море во соседна Грција, во релаксирани денови и вечери низ кафеани, кафулиња и дискотеки, младиот револуционер синоќа се вратил во својот град на свое лично огромно незадоволство.
Утринава револуционерот бил видно резигниран и искажал страшно негодување зошто сонот има крај, не живееме вечно и зошто Халкидики не е Македонски град.
„Не ми се верува дека е вторник чоече. Баш топ си проаѓав минативе денови во правда, во мир, во диско, во се. Во море, во кафана, да. И сеа шо? Пак назад дома пошо прошол викендот!? ПА НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР! Стварно ова нема смисла. Е затоа ќе протестирам!“, напиша тој на својот фејсбук профил.
После одморот за велигденските празници, шарените протести треба да продолжат денеска, се до наредниот викенд.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top