| четврток, 6 декември 2018 |

Ристеска: Ми велеше дека сум го разбудила од кома, морав да го пријавам

Kога се во прашање најекспонираните јавни личности кај нас, меѓу кои е и Елена Ристеска, најчесто е тенка линијата меѓу искрени обожаватели и личности опседнати со ѕвездата. Ристеска тоа во повеќе наврати го има почувствувано на своја кожа, а во една пригода била принудена да побара и заштита од полицијата, пишува „Дневник“.

– Пред неколку години повозрасен човек ми пишуваше дека вселената нè предодредила да бидеме заедно и дека сум го разбудила од кома, па почна да ми доаѓа на врата. Тој случај заврши со пријава во МВР. Многу често фановите ги губат сетилата и почнуваат да прават нешта што нè вознемируваат. Нè следат на улица, а тоа може да прерасне во опсесија и веќе не е поврзано со обожување, туку со пострашна форма на однесување – објаснува Ристеска за весникот.

Низ годините и се случиле многу невообичаени ситуации. Повеќето биле симпатични гестови, но признава дека на своја адреса добивала и навредливи пораки.

– На автомобилот често сум наидувала на пораки на кои пишува: „Елена, те сакам!“ или „Елена, омажи се за мене“. Има и луѓе со фантазијата без граници, па си замислуваат дека сме заедно и ми стигнуваат пораки од типот: „Оваа е нашата песна“ или „Те сакам, а ти не ми возвраќаш на љубовта“. Kога ќе се налутат, ми пишуваат навредливи коментари. Има личности што ми пишуваат преку триесет пораки дневно и сандачето ми се „мрднува“ – раскажува пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top