| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Приштина: Авион со 143 патници излета од пистата, аеродромот затворен

Портпаролката на приштинскиот аеродром, Валентина Гара, изјави дека аеродромот ќе биде затворен додека да се направи прелиминарната техничка истрага која би требало да ја утврди причината за несреќата

pristina aerodrom

Авион на Туркиш ерлајнс кој доаѓал од Истанбул синоќа, малку по 21 часот слетал надвор од пистата, но според податоците од аеродромот „Адем Јашари“ во инцидентото немало повредени. Приштинскиот аеродром ќе биде затворен додека да заврши ситрагата.

Портпаролката на приштинскиот аеродром Валентина Гара изјави за агенцијата АП дека во авионот, кој полетал од Истанбул, имало 143 патници и 8 членови на екипажот. Веднаш по незгодата се разнесе веста дека меѓу патниците била и поранешната косовска претседателка.

Turski-avion-sleteo-van-piste-u-Pristini

Според неа, „авионот имал мала незгода во која никој н е е повреден“.

Гара додава дека аеродромот ќе биде затворен додека да се направи прелиминарната техничка истрага која би требало да ја утврди причината за несреќата.

На Фејсбук се огласи и поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, која демантира дека била во тој авион.

Засега се откажани три полетувања од приштинскиот аеродром, Локалните медиуми објавија фотографија на која се гледа авион во трева и луѓе кои бегаат од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top