Христина Стојанова – Ферари повеќе од 5 години работи како елитна сексуална работничка или ексорд дама во Скопје. Таа е родена како момче од внатрешноста на Македонија, но како што вели, поубаво се чувствува како жена.
Ексклузивно за Либертас, Христина открива дел од интимниот живот и за тоа како е да си транс сексуална работничка во нашата држава.
– Родена сум како момче во скромно македонско семејство. Од рано детство се чувствував како девојка, па така многу рано почнав и да се облекувам во женско. Почнав да се шминкам, да носам перики и високи потпетици. Кога наполнив 18 години се преселив во Скопје и почнав да работам како сексуална работничка. Ми се допадна оваа професија и максимално се посветив на неа. Моите клиенти од мене бараат да бидам згодна девојка која ќе им ги исполни сите желби. Да бидам искрена во мојот кревет досега биле многу ВИП фаци, млади фудбалери, кошаркари и модели – раскажува Христина.
На нашето прашање дали нејзините клиенти знаат дека таа е родена како машко вели:
– Нормално дека знаат, затоа и ме плаќаат толку многу. Но, има на пример, некој што пијан ќе ми пријде и ќе го смотам дека сум жена, негов проблем што не ми побара лична карта, ха,ха,ха.
За мажите кои спијат со неа, а знаат дека е машко облечено во женска гардербамисли дека се латентни хомосексуалци кои не можат да си го признаат тоа, па бараат транвестити.
– Да бидам искрена, мислам дека се латентни хомосексуалци кои не можат да си го признаат тоа па бараат травестити како мене. Самото тоа што сум во мини, со перика и шминка најверојатно ги возбудува. Еве на пример еден млад фудбалер, тотален стрејт на лик, ми беше клиент два месеци. Не можев од дома да га избркам. Се затреска во мене, а на Фејсбук го гледам со девојки се слика. Има и такви кои се женети со семејства, некои имаат долги врски со жени, но сексот со мене очигледно им годи, па повторно ми се враќаат.
Таа вели дека во Македонија не работи за пари, туку дека го прави тоа од задоволство. Но, во странство е многу барана и мноугу добро заработува.
– Работам и како го-го танчерка и стриптизета. Но, од сексот за една вечер многу убаво заработувам. Задоволна сум од заработувачката и не се жалам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст