САД се против прекројување на границите на Балканот. Ова е главната порака од состанокот на пододборот на американскиот конгрес за Европа и Евроазија на кој се разговараше за Косово и Србија.
На состанокот се разгледувале две опции – од моментот на имплементација на договорот Србија – Косово до прекројување на границите и замена на територии меѓу Србија и Косово.
Директорот на југоисточна Европа Џонатан Мур истакнал дека САД и понатаму ќе се противи на отварање на прашања за границите на Балканот.
– Владата на Косово исто така не поддржува делба на северно Косово, оценил тој.
Конгресмените дале слични мислења во врска со територијалните промени.
Ако дојде до поделба, би имале вистински проблеми во Македонија, Босна и на југот на Србија. Овој договор кој не е совршен има потенцијал. Ако се примени целосно за да доведе до пристојна реинтеграција што би можело да му помогне на остатокот од Балканот, рекол Даниел Сервер, професор на универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


