Пожар избувна во грчката православна црква „Благовештение“ во источниот дел на австралискиот град Мелбурн, јави ТАСС.
Огнот е забележан вчера попладне по локално време кога црквата била празна. За среќа пожарникарите се наоѓале на неколку стотина метри од црквата и тие успеале веднаш да го изгаснат пожарот. Причините за пожарот засега не се познати. Во тек е истрага за расветлување на случајот. Ова е втор пожар во православна црква во Австралија во текот на изминатото деноноќие. Пожар претходно целосно ја уништи македонската црква „Воскресение Христово“ во Сиднеј. Причините за тој пожар исто така се непознати.
Силен пожар избувна и во српската православна црква „Свети Сава“ во центарот на Менхетен синоќа и за неколку минути стигна до покривот.
Сто и седумдесет пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој ја уништи историската зграда на 25. западна авенија во близина на Бродвеј.
Причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек.
– Сите сме живи, но зградата повеќе ја нема. Оваа црква ја спојуваше целата заедница, бидејќи е единствена во Њујорк, а сега ја нема. Ова е ужасно, кошмар, моето срце е скршено, изјави свештеникот Џокан Мајсторовиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.