Најмногу дожд ноќеска и вчера наврнале во Пожаране 40 литри на метар квадратен, во Крушево 34, во Скопје на Зајчев рид 22, во Тетово 20, а во Охруид и Претор по 15 литри на метар квадратен. Најладно било во Пожар, Крушево и Маврово каде се измерени шест степени, потоа во Ѓуриште, Берово, Тополчани, Претор и Куманово каде било осум степени, а најтопло во Гевгелија, Штип, Дојран 13 степени.
Дожд со помал интензитет и релативно топло време, како што соопшти Упрвата за хидрометеоролошки работи имало и во други градови и населени места во земјата, а врнежи ќе има и денеска.
Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Доцна попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи и локално се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен. Температурата ќе се движи од 15 до 19 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.