| четврток, 6 декември 2018 |

Вашиот проблем не е стресот, туку како се справувате со него!

Најголем дел од експертите се согласуваат дека пушењето и стресот предизвикуваат најголеми штети на нашето здравје.

Во денешно време, голем дел од луѓето се под постојан стрес  – нервози во врската, проблеми на работа, страв од отпуштање  дури и оние ситници кога мислиме дека немаме што да облечеме.

Стресот не е нешто што треба да се игнорира. Во својот говор на ТЕД конференцијата, психологот Кели Мек Гонигал истакнува дека таа е засрамена да признае дека најголем дел од луѓето кои ги познава, па дури и нејзините студенти на стресот гледаат како на непријател.

Според неа, таквото размислување предизвикува страв. Стравот ги стега крвните садови околу нашето срце, што предизвикува контракција. Тоа не е добро, вели таа. Според неа, стресот треба да е еден вид партнер во нашето секојдневие кој треба да ни помогне да се соочиме со последиците, така што кога на стресот би гледале на тој начин, нашето тело поинаку би реагирало.

Најважното нешто  според неа е фактот дека стресот не ги убива  луѓето, туку начинот на кој тие реагираат и се справуваат со него. Една од неодамнешните студии покажува дека позитивниот став кон стресот го намалува лачењето на кортизол во понатамошни стресни ситуации.

Според др. МекГонигал многу важен е окситоцинот кој се јавува кога луѓето гледаат на стресот во позитивна смисла. Овој неврохормон им помага на луѓето да најдат решение за проблеми, воедно поврзувајќи се со други луѓе, изразувајќи грижлив став. Кога во нашето тело се лачи окситоцин, ни сме мотивирани да се поврземе, тој нè охрабрува да се поврземе со луѓето кои се грижат за нас, повеќе отколку да го бараме спасот во изолација.

Таа додава, кога гледаме на стресот како корисно нешто, создаваме биологија на храброст. Таквата храброст ни помага да веруваме дека можеме да се справиме со предизвиците во животот. Можеме да се запрашаме: Што можам да научам од ова?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top