| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Обама шегобиец: Трамп има искуство во надворешната политика, познава многу светски мисици

image

Американскиот претседател Барака Обама бил инспириран за шега на синоќешната годишна вечера на дописниците на Белата куќа, а мета му биле демократите и републиканците, со посебен нагласок на водечкиот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.

– Републиканскиот естаблишмент  не може да верува дека тој е нивниот најверојатен кандидат. Велат дека на Доналд му недостига искуство од надворешната политика за да биде претседател. Но, да бидеме искрени, тој помина години и години состанувајќи се со лидерите од светот: Мис на Шведска, Мис на Аргентина, Мис на Азербејџан, изјавил Обама, на што публиката во која имало многу важни и влијателни личности од Вашингтон, прснала во смеа.

Шегата на Обама се однесувала на учесничките од натпреварите за Мис Универзум на кои Трамп порано беше сопственик.

tramp

„Асошиејтид прес“ наведува дека Трамп бил мета на остри коментари на вечерата на дописниците од Белата куќа, организарана во 2011 година, а своето отсуство на годинешното случување  го објаснил со тоа што смета дека медиумите погрешно го пренеле неговото расположение.

На вечерата бил присутен потенцијалниот демократски кандидат Берни Сандерс, кој за разлика од речиси сите останати машки гости кои носеле смокинг, носел обичен костум со кравата.

И Сандерс се нашол на ударот на шегите на Обама.

– Берни изгледаш како да вредиш милион долари, или да користам израз кој ти ќе го разбереш, изгледаш како 37.000 донации од по 27 долари – изјавил Обама, мислејќи на големиот број на ситни донации кои Сандерс во последно време ги добивал за својата кампања.
Американскиот претседател настапот го завршил во стилот на големите поп-ѕвезди така што рекол „Обама излезе “ (Obama out) и го испуштил микрофонот, што би требало да значи  дека настапот бил толку добар што нема што повеќе да додаде.

На вечерата имало и познати холивудски ѕвезди како Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, Хелен Мирен и пејачката Арета Френклин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top