Со рускиот претседател Владимир Путин, на патувањата, секогаш одат двајца офицери на морнарицата кои ја носат неговата црна актовка. Таа привлекува се повеќе внимание откако медиумите се почесто почнаа да го забележуваат мистериозниот куфер крај Путин.
Се работи за таканаречен “атомски ковчег”, уред со кој Путин може да лансира проектили со нуклеарни боеви глави, пишува Телеграф. Затоа, рускиот претседател не се одвојува од оваа актовка, дури и кога е во посета на друга земја.
Кодното име на оваа руска нуклеарна актовка е “Cheget”. Таа е поврзана со посебен комуникациски систем – “Кавказ” кој поддржува комуникација меѓу високи владини функционери, во моменти кога се донесуваат одлуки за употребата на нуклеарно оружје.
На Рускиот претседател оваа актовка му е при рака во било кое време, а според некои информации, свој примерок имаат и Министерот за одбрана на Русија како и началникот на Генералштабот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст