Според регионалниот гувернер на Газијантеп, Али Јерликај, кого го цитираат турските медиуми, во нападот се ранети девет полицајци. Телевизијата NTV објави дека автомобилот бомба експлодирал пред главниот штаб на полицијата, а детонацијата ја следеле истрели од автоматско оружје.
На телевизиските снимки се гледа хаос пред голема зграда, додека пристигнуваат возила на итната медицинска помош за евакуација на настраданите кои лежат на земјата.
Газијантеп, на 685 километри југоисточно од турската престолнина Анкара, е еден од поголемите градови во југоисточниот дел од земјата со 1,5 милиони жители. Покрај тоа, во овој град се засолнати и многу бегалци од војната во соседна Сирија.
Во друг напад, во градот Нисајбин во покраината Мардин, на 792 километри источно од Анкара, убиени се четворица припадници на воената полиција кога врз нив отвориле оган герилци на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), изјавил анонимен воен извор.
Во Мардин турската армија спроведува голема операција против борците на PKK. Според агенцијата Dogan, курдските бунтовници истрелале проектили врз пиротехничка единица на воената полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст