| четврток, 6 декември 2018 |

На што да внимаваме за да не се затруеме со храна

meso

Од Светската здравствена организација апелираат да внимаваме како ја обработуваме храната и укажуваат на присуство на опасни микроорганизми во мразот и водата.
Треба да се запрашаме колку нашиот начин на исхрана, всушност, е погрешен? Многу навики кои ни се чинат сосема нормални, всушност се многу штетни за нашето здравје.

Глобализацијата во производството и пласман на храна отвори нови патишта за нејзина контаминација со бактерии, вируси, паразити и хемикалии.

zamrznato meleno meso

Се` потешко е да се утврди потеклото на болестите поврзани со намирници од различни земји, наведува Светската здравствена организација и повикува на координирана соработка поради безбедно снабдување на крајниот потрошувач.

Со контаминирана храна и вода во организмот влегуваат штетни бактерии, вируси, паразити или штетни хемиски соединенија, предизвикувајќи разни болести, обично инфективни или токсични по својата природа.

Патогените микроорганизми во храната можат да предизвикаат повеќе од 200 различни болести, меѓу кои и тешки облици на дијареа или инфекции опасни по живот како на пример менингитис.

zamrznata hrana

Болестите проследени со дијареа, предизвикани од загадена храна или вода, годишно усмртуваат околу два милиони луѓе, вклучувајќи и голем број деца. Хемиските загадувачи можат да предизвикаат акутни труења, а нивната долготрајна конзумација може да доведе до канцерогани заболувања.

Поради конзумирање на загадена храна, се проценува дека во светот во 2010 година умреле 351.000 луѓе, а се разболеле 582.000.000 при што повеќе од 40% од болните биле деца помлади од 5 години. Најмногу смртни случаи предизвикало труење со салмонела, а најмногу биле погодени африканските земји и југоисточна Азија.

zamrznati jagodi

Поради спречување на пренос на микроорганизми, кои се предизвикувачи на расни болести, а можат да се најдат во почвата, водата, животните и луѓето, многу е важно да се одржува хигиена на рацете, храната и приборот со кој се ракува при обработка на намирниците.

Готвената храна треба да се одвои од суровата, затоа што суровата храна, особено месото, пилешкото и морските плодови, може да содржат микроорганизми кои за време на термичката обработка може да се пренесат на другата храна.

zamrznat zelencuk

Храната треба добро термички да се обработи, особено меленото месо, живината и печењето, а се покажало дека обработка веќе на 70 степени Целзиусови допринесува за нејзината безбедност.

zamrznata hrana

Со оглед на тоа што микроорганизмите можат многу брзо да се размножуваат, готвената или печена храна не треба да се остава подолго од два часа надвор од фрижидер, а се препорачува и смрзнатата храна да не се одмрзнува на собна температура, затоа што водата и мразот можат да бидат загадени со опасни микроорганизми и хемикалии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top