Времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи.
Во вечерните часови врнежите ќе се прошрат и во источните делови. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието и источните делови умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а дневната од 18 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе изнесува 9, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Врнежи од дожд ќе има и во понеделник, кои ќе бидат поинтензивни попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен. Потоа и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст