| четврток, 6 декември 2018 |

Колку животни јадеме во еден живот?

Организацијата „Веџетеријан календар“ пресметала просечно колку едно лице кое јаде месо во текот на еден живот ќе изеде животни.

Според нивните податоци, просечно, во текот на еден живот јадеме седум илјади животни, а тоа вклучува 4.500 риби, 2.400 кокошки, 80 мисирки, 30 овци, 27 свињи и 11 крави.

Од оваа организација истакнуваат дека луѓето кои јадат помалку месо, имаат позитивно влијание на животната средина.

Истражувањата покажуваат дека во текот на 2012 година околу пет отсто од возрасните жители на САД се изјасниле како вегетаријанци, а два отсто од нив како вегани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top