| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерно изведена претставата „Реонска болница“

Претставата „Реонска болница“ синоќа премиерно беше изведена во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен. Режисер на претставата е Васко Василевски и сценографијата е на Ане Милошевска.

Во претставата, работена според текстот на Христо Бојчев, играат членови на драмската секција при ресенскиот Дом на културата.

„Реонска болница“ е поддржана од Министерството за култура, а под покровителство на градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Членовите на драмската секција при Домот на културата „Драги Тозија“ паралелно работат и на претставата „Сомнително лице“ која премиерно ќе биде прикажана кон крајот на мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top