Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголем, туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век.
Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше тогаш празна е нашата проповед, празна е и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на сите што беа во гробовите живот им подари“.
Велика Сабота, е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грбот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симбол е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат – денот на Второто Христово пришествие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст