Самотијата и тоа како да се помине денот не ми претставуваат проблем,сепак, од време на време, имам желба но и потреба да одам до населени места, вели човекот кој живее сам 10 години во село.
Кинезот Лиу Шенги живее сам во селото Ксуеншанше во северозападната провинција Гансу веќе 10 години. Единствените живи суштества кои ги гледа и со кои го поминува времето се – овците.
До 2006 година живеел со својата болна мајка и помалиот брат и се грижел за нив, а потоа останал сам.
Меѓутоа, научил да се бори со осаменоста и преживувањето, па дури и патува далеку за да си обезбеди храна и вода бидејќи е оддалечен од цивилизацјата.
„На почетокот не можев да спијам поради завивањето на дивите кучиња. Но, потоа почнав да чувам неколку овци и тие ми правеа друштво, па со тек на време се навикнав“, вели Лиу.
Тој исто така работи како привремен чувар во локалното здружение за заштита на животната средина за да успее да преживее со помош на дополнителната плата која изнесува 700 јуани, што е околу 107 долари.
Во сето ова, тој ја гледа и светлата страна, а тоа е дека може да живее во било која куќа и има разни работи кои другите луѓе ги оставиле, бидејќи селото е само негово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.