Арапската куќа е сведок за љубовната приказна меѓу скопскиот трговец со текстил Дикиџијан и убавата Агавни. Палатата била градена специјално за неа. И палатата “Шкаперда” била градена како свадбен подарок за обожаваната Аглаица во 1932 година. Македонска куќа била топол дом и љубовно гнездо на еден од најпознатите градоначалници на Скопје во 30-тите години, Јосип Михајловиќ, а потоа таа перманентно е разнебитувана и отуѓувана.
Старо Скопје кое полека исчезнува, сe уште се препознава по патинираните домови, меѓу кои постојат и оние што се стари речиси сто години. Нивниот мирис, нивната боја и нивниот шарм сe уште можат да се почувствуваат во Ново мало, Чаир, во делови од Крњево, Маџир Маало, Црниче, Пошта Маало, Буњаковец, Кисела Вода, Водно, Дебар Маало, Гази Баба, Чаршијата… Делови од нив, како урбана историја, треба да се зачуваат како трајна вредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст