| четврток, 6 декември 2018 |

Да го прославиме денот на тоалетите

Свој ден во февруари имаат љубителите на чоколади и палачинки, а 22 март е ден за тепање со перници, а во мај слават тие кои ги сакаат делфините, парковите и пеперутките

Луѓето празнуваат се и сешто. Некој си празнува годишнини, некои денови кога нему му биле убави. Има и такви што празнуваат годишнина со својот телефон. И тоа е чудно. Но има и почудни работи. Според официјалната категоризација на ОН, годишно се слават околу 100 меѓународни празници. Ако се обидеме да направиме неофицијална листа речиси ќе нема ден во годината кој не би бил посветен на нешто.На пример1 јануари не е само првиот ден во годината, туку е и Светски ден на семејството, во февруари е ден против борба на ракот, ден на радиото и ден на мајчиниот јазик, во март се денови на поезијата и на водата, во април ден на книгата, здравјето, аутизмот, земјата, но и на интелектуалната сопственост и џезот. Во мај е ден на сонцето, птиците преселници, семејството, слобода на печатот, жртвите паднати во Втората светска војна.

Во јуни е ден на родителите, денови на донатори на крв, бегалци и вдовци. Во јули свој ден имаат Нелсон Мендела и пријателите, а во август е ден на младите и ден против нуклеарните проби, додека во септември се слават мирот, туризмот, писменоста, срцето и демократијата. Во октомври се одбележуваат денови на поштата, храната и жените од село, а во ноември се слави телевизијата, солидарноста со народот на Палестина и толеранцијата, а во декември е ден на борба против сидата, ден на човековите права, укинување на ропството, миграциите, планините и човечката солидарност.

Многу поинтересна е листата на меѓународни празници која нема врска со официјалните државни политики.

Иако некои од нив како 19 ноември кој е Светски ден на тоалетите, делуваат смешно, поводот е сериозен. Го основа Светската тоалет организација во 2001 година во Сингапур со цел да ја зголеми свеста за значењето на соодветни санитарни услови и важноста на хигиената.

Свој ден во февруари имаат љубителите на чоколади и палачинки, а 22 март е ден за тепање со перници, а во мај слават тие кои ги сакаат делфините, парковите и пеперутките. Се одбележуваат и ден на СОС телефони, музеи, папагали, црвен крст и желки, а и ден на брокули.

Во јуни се слават сонцето, штркот, Дунав, децата и океаните, во јули се проспавуваат бакнежи, полициски лисици, џакузи и летачки чинии. Во август е ден на лилјаците, напуштените животни и ден на леваците, а во септември се слави ден на гуските, теолозите, туризмот, додека во октомври свој ден имаат и скептиците, учителите, лебот и јаболките.

Во ноември се одбележуваат денови на средношколците, телевизијата, љубезноста и воздржување од купување, а во декември се слави ден на човековите права, виолините, волонтерите, а на 30 декември се слават Јети и Снешко Белчо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top