| четврток, 6 декември 2018 |

Во бизарна незгода во „Ронтис“ повредена хигиеничарка од фабриката

Вчера наутро во хируршкото оделение на велешката болница со повреди била примена Р.П.(55) од Велес. Таа повреди ги здобила во фабриката „Ронтис“, каде работи како хиегеничарка, откако Р.Д.(30) од Велес вработен како возач во истата фирма,  при враќање наназад ја прегазил со виљушкарот со кој управувал.

Поради сериозноста на повредите таа е пренесена во Медицинскиот центар во Скопје.

Случајот бил пријавен во велешката полиција, по што увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и увидна екипа од СВР-Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top