Биљал Касами, претседателот на Беса, призна дека водел разговори со лидерот на опозицијата Зоран Заев за редефинирање на Македонија.
Касами ова го призна во интервју за телевизија „Алсат“.
Како што вели неговиот партнер, Заев искажал подготвеност да разговара и на овие теми кои се на голема штета на македонскиот народ.
Водителката праша: „Господине Касами, Вие имавте средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Кој беше неговиот став на оваа средба околу редефинирањето и барањето на Беса“?
– Заев еднаш засекогаш сфатил една вистина дека Македонија не може да биде држава која може да создаде механизми каде Албанците ги држи далеку од институциите, да создаде делумна правда, да создаде институции кои ќе бидат само за Македонците, а не и за Албанците бидејќи Македонија е во ситуација каде овие институционални механизми кои се создадени да ги држат Албанците ја голтаат државата и им се враќаат како бумеранг на Македонците, рече тој.
Водителката потоа го праша дали на средбата со Заев имало ветување за редефинирање и исполнување на барањата на Беса, а лидерот на ова движење одговори „Се разбира дека има подготвеност да се дискутира за сите отворени прашања“.
Пазарот на Заев е многу јасен и тој тоа го најави уште во 2008 година кога јавно порача дека државата мора да ја „свитка кичмата“ за да постигне решение за името. Последниот скандал е што на отворена сцена се гледа како Заев договарал федерализација на Македонија, а во игра е промена на знамето, на името, на химната на државата и создавање на дводомен парламент, при што претседател на државата да биде Албанец по систем на ротиција. Овие барања ги испорача албанската дијаспора на Македонија (АДМ) преку нејзиниот претседател Муса Љамалари – Тим Шкупи, со кого Заев пред две недели, на 13 април, имаше средба во седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“.
По средбата СДСМ излезе со штуро соопштение, без многу детали.
– Од страна на претставниците на АДМ е пренесена поддршка за проектот „Вистината за Македонија“ што го разоткри вистинското лице на власта и наоѓа своја потврда во отворените истраги од страна на СЈО против високи функционери во власта, пренесува СДСМ.
Од друга страна, за суштината на разговорите на посебна прес-конференција зборуваше Љамалари. Тој изјави веднаш по средбата со Заев дека нивна најголема заложба е федерализација на Македонија и дека за тоа разговарале и договарале со Заев. Истовремено потенцира дека по средбата, во координација со СДСМ, Албанците и нивните партии започнале да излегуваат на протести, што и се потврди со протестите на радикалното исламско движење Беса и ветераните на УЧК, кои маршираа низ Скопје со албански знамиња. Ова најдобро потврдува дека е паднат некаков договор Заев – Љамалари, чијашто главна цел е федерализација.
Не за џабе Заев е меѓу омилените политичари во грчката политика, но и најпосакуван партнер за преговори за името. Елефтеротипија, Товима, Екатимерини, како и грчките националистички идеолози како Докос, со години го поддржуваат Заев и во неговата попустливост за изнаоѓање на решение за името кое би било на штета на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји