| четврток, 6 декември 2018 |

Бата Живоиновиќ е пак во болница, итно бил опериран

Српскиот актер Велимир Бата Живоиновиќ повторно е во болница бидејќи пред неколку дена здравствената состојба му се влошила поради што е итно опериран.

Како што пренесува српски „Блиц“, актерот најмалку десет дена ќе помине во болничка постела. Бата Живоиновиќ (82) во јули 2012 година доживеа тежок мозочен удар од кој закрепна, во октомври 2006 година имаше срцев удар, а боледувал и од гангрена која во неколку наврати ја лекуваше во Куба, каде што живее неговата ќерка.

– Актерот има и апартман во една белградска клиника, па така освен семејството никој не може да го посетува без претходна најава – изјавил близок извор на семејството за српски „Блиц“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top