Герхард Шиндлер, шефот на германското разузнавање (БНД) ќе биде сменет од позицијата две години пред да му истече мандатот. Ова е изнанадувачки момент, бидејќи доаѓа во многу чувствителен период бидејќи во Германија расте заканата од тероризам, пишува агенцијата „Ројтерс“.
Не е познато зошто Шиндлер кој го водеше БНД од 2012 година е сменет. Факт е дека тој минатата година се најде под притисок откако беше утврдено дека БНД ги шпионирала европските сојузници и тоа по налог на американската Агенција за национална безбедност (НСА).
Изгледаше како тој да се извлече од скандалот, откако вети дека ќе ја централизира контролата над БНД.
Изворите велат дека на негово место ќе дојде Бруно Кал, човек кој ужива голема доверба на моќниот и влијателен министер Волфганг Шојбле.
Германските медиуми пренесуваат дека Шиндлер не бил во состојба да ги спроведе реформите кои се сметале за нужни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст