| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалците во ПТЦ Гевгелија немаат заразни заболувања

Епидемиолозите констатираа дека ангажираните служби на време го исфрлаат сметот од кампот и оти хигиената редовно и континуирано се одржува поради што се држи на задоволително високо ниво.

Migrants in FYROM

Подрачната епидемиолошка служба при Општата болница во Гевгелија денеска изврши редовен увид на моментната здравствена и хигиенска состојба во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија во кој има 107 мигранти од Сирија и Авганистан кои до затворањето на „Балканската рута” не упеаја да отпатуваат од Македонија.

Епидемиолозите констатираа дека ангажираните служби на време го исфрлаат сметот од кампот и оти хигиената редовно и континуирано се одржува поради што се држи на задоволително високо ниво.

Во сите објекти во гевгелискиот камп денеска беше извршена и редовна дезинфекција.

Епидемиолозите потврдија дека во кампот нема заразни заболувања, но дека не раполагаат со информации дали нема и од другата страна на граничната ограда, во дивиот камп кај Идомени, каде според слободна проценка се уште има десетина илјади мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top