Мисијата на Еулекс на Косово денеска покрена голема операција против организираниот криминал, соопштија локалните медиуми.
Според приштинските медиуми, полицијата уапси еден пратеник од владејачката партија и извршен претрес во голем број барови и ресторани кои навводно ги водат припадници на криминалните банди, пренесува Танјуг.
Еулекс ја предводи операцијата со помош на косовската полиција, при што двете страни одбија да ги потврдат апсењата на пратеникот, наведувајќи само дека е во тек „голема операција под раководство на Еулекс”.
Локалните медиуми наведуваат и дека е уапсен поранешниот возач на тој пратеник и дека постои список на 51 лице по кои трагаат властите.
Станува збор за лицата на високи позиции, вклучуајќи судии, општински функционери и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст