| четврток, 6 декември 2018 |

Групна тепачка во охридско казино, двајца прободени со нож

Нoќва околу 01.30 часот во казино во Охрид, додека охриѓанецот Р.М. (31) бил со неговиот другар А.Д., физички  бил нападнат од Б.Д. (35) од с.Ливада, струшко, кој го удирал со тупаници во пределот на главата.

По кратко време во објектот дошле Н.М. (34) и  Е.М. (35), двајцата од Охрид, кои што се вклучиле во нарушувањето на јавниот ред и мир.

Во еден момент Б.Д. извадил нож со кој што еднаш го прободел Н.М. во пределот на градниот кош и два пати Е.М. во пределот на слабината и грбот. Веднаш потоа го напуштил објектот и побегнал. По кратко време бил пронајден и лишен од слобода.

Повредените лица се пренесени во Медицински центар-Охрид, каде што им е укажана лекарска помош и се задржани за понатамошно лекување, а Б.Д. е задржан на лекување во Медицински центар Струга.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top