| четврток, 6 декември 2018 |

Залутан куршум погодил битолчанец додека седел со друштво

Вчера околу 13.30 часот на ул. „4-ти Ноември” во Битола, додека битолчаните Љ.Ч. (55), Б.П. (50), З.В. (57) и П.В. (31) разговарале, слушнале звук при што лицето Б.П. почувствувало удар во левата нога.

Тој веднаш бил пренесен во Клиничка болница, каде од страна на лекар е констатирана лесна телесна повреда во вид на прободна рана од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top