Легендарната стрелачка Јасна Шекариќ најави дека претстојните Олимписки игри во Рио де Женеиро ќе ѝ бидат последни во кариерата. По осмата Олимписки игри по ред, најуспешната светска олимпијка се повлекува од стрелиштето.
– Олимписките игри во Рио ќе ми бидат осми по ред и ќе ми бидат последни бидејќи неодамна решив да се повлечам од натпреварите. Иако многумина се обидуваа да ме предомислат, решена сум на ова натпреварување да се простам од овој дел во мојата спортска кариера. Но, и натаму ќе останам во стрелаштвото и ќе и се посветам на тренерската работа – изјави 50-годишната Јасна Шекариќ за српските медиуми.
Со учеството на ОИ во Рио, Шекариќ ќе се изедначи по бројот на настапи со италијанскиот скијач Пјетро Д‘Инзео. Пред неа ќе останат само Хуберт Раудашки и Афанасиј Кузминс со по девет Олимпијади и неприкосновениот Канаѓанец Јан Милар кој во Лондон го прослави дестиот настап на Олимписките игри.
Најголемиот успех на Олимписките игри, Јасна Шекариќ го оствари со оставри со освојувањето на златните медали на ОИ 1988 во Сеул и на ОИ 1992 во Барселона. На ОИ 2000 во Сиднеј и на ОИ 2004 во Атина го освои сребрениот медал, а има и „бронза“ од ОИ во Сеул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.