Дури и да имате совршен пар фармерки, бидете сигурни дека оваа пролет вашата колекција треба да ја освежите со нови модели.
Оваа пролет тесните модели на фармерките ги менуваме за модели кои се пошироки и кои имаат поженствена силуета.
Во духот на новата сезона, во мода се враќаат белите фармерки, винтиџ силуети и моделите со висока половина, додека тесните и „машки“ фармерки постепено заминуваат во заборав.
Панталони-здолниште
Панталони-здолништата остануваат во тренд, тие едноставно се задолжително парче облека за пролет. Може да се носат со сите стилови и со сите комбинации, ја освежуваат комбинацијата и ја прават многу модерна. Тие се одличен избор за на работа бидејќи можат да се носат на различни начини. Должината им е малку над глуждот, така што со нив слободно може да облечете нови шик чевли.
Фармерки со висока половина
Хит за оваа сезона се фармерките што горе се тесни, а долу се шират ѕвонесто. Овој модел има висока половина и благо исправени делови, а освен што е трендовски, тој е и многу пријатен. Овие фармерки со должина до глужд претставуваат совршено парче облека за пролет. Можат да се носат со чизми, со балетанки или со сандали. Тие изгледаат одлично во сина, во црна и во бела боја.
Тесни фармерки со должина до глужд
Овие модели се со висока половина, а должината им е до глуждот.
Фармерки со рамен крој
Фармерките со рамен крој и со покуси ногавици претставуваат добар избор на фармерки за оваа пролет. Имаат и украсни детали кои можат да бидат многу ефективни.
Фармерки со реси
И оваа сезона ресите се многу актуелни, а сега ги има и кај фармерките, на крајот од ногавиците. Овие фармерки им одговараат на сите дами, без разлика на нивната височина.
Фармерки „гучи“
Висока половина и модели со должина над глуждот – тоа се совршени „гучи“ фармерки. Со избелени делови и со ногавици кои се шират околу глуждот, оваа силуета е модерна и изгледа одлично со кои било чевли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.