| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС објави кој град е новата цел

Шведските власти денес потврдија дека интензивно работат на тоа да утврдат дали е вистинита информација дека Стокхолм  е новата цел  на Исламската држава.

stockholm_teroristi

Имено, Дејли Експрес објави дека ирачките информативни  служби кажале дека седум или осум борци на ИСИСИ се инфилтрирале во Шведска со цел да извршат напад на цивилан цел во Стокхолм.

-Можам да потврдам дека интензивно работиме во соработката со нашите локални и меѓународни партнери за да се увериме во утврдување на вистиноста на информацијата која ја добивме – кажала потпаролката на шведската служба за безбедност Сирпа Франзен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top