| четврток, 6 декември 2018 |

Запалете лист од ловор во куќата и гледајте што ќе се случи за 10 минути (видео)

Ловоровиот лист се користи како лековита билка илјадници години, а старите Грци и Римјани оваа билка ја сметаа за света. Познато е дека победниците на олимпијадата ја красела главата со венец од ловор, а симболичко значење на  оваа билка било – чест и слава.

Lovorov-list-620x350-620x330

Сите тие квалитети кои и се припишуваа на оваа билка зборуваат дека ловорот бил доста значаен на нашите предци, а мора за тоа да имале и причина.

Иако денес го користиме најчесто како зачин, познати ни се и лековитите својства на листовите и бобинките на ловор, а главните активни супстанци се пинен и цинеол, како и етеричните масла кои делуваат смирувачки.

Психоактивното дејство на ловорот е опишано во голем број на митови и легенди, а најпознато е пророштвото во Делфи, каде џвакале лист од ловор за да ја видат иднината.

Етеричните масла и другите активни супстанци од ловорот делуваат релаксирачки, а што е потребно да сторите е да запалите еден лист во пепелникот, излезете од просторијата и да се вратите за 10 минути. Собата ќе биде полна со мирис кој ќе делува така што ќе ги опушти  сите во домот.

Како лековите билка, ловорот делува како антиреуматик, антисептик, бактерицид, диуретик, седатив и антиоксиданс. Позитивно влијае на доброто расположение. Во исто време, листот и плодот се делотворни во лекување на хистерија, неурастенија на желудникот, настинките…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top