Идната мајка се огласи на Фејсбук по повод еден вознемирувачки настан.
Пејачката Сека Алексиќ жестоко го осудила инцидентот кој се случил во белградското породилиште кога по грешка на медицинскиот персонал биле заменети бебиња.
Таа на нејзиниот профил на Фејсбук го коментирала овој настан.
-Таа работа е многу одговорна, грешките не смеат да се случат ни под точка разно! Можеби не се разбирам во сите работи, но оваа вест е многу вознемирувачка, како за родителите, така и за сите жени кои ќе се породат…Како е можно ненамерно да ја смените нараквицата од раката на бебето и да ја ставите на рака на некое друго бебе?! Па, за што вие луѓе размислувате?! Таа работа е одговорна и такви грешки не смеат да се случат – напишала Сека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.