Партнерството со Македонија започна од 1994 година и до ден денес заедно со земјата работиме на подобрување на животниот стандард информираат од оваа институција во изјава објавена на нивниот веб портал.
– Од 1994 година, Светска банка е силен партнер на Македонија, кој заедно со земјата работи кон креирање на подобри животни стандарди за сите македонски граѓани и ги поддржува аспирациите на земјата за пристап кон Европската унија. Во текот на овој период, Светската банка обезбеди техничка помош и финансираше 63 проекти во Македонија во вредост од над 2 милијарди долари. Светска банка ги продолжува своите активности во Македонија во текот на политичкиот циклус, работејќи заедно со сегашната техничка влада во рамките на нејзиниот мандат. Сегашното портфолио се состои од осум инвестициски проекти, кои се во процес на имплементација, во изност од 378 милиони долари, се вели во соопштението.
Светска банка во изјавата информира дека сите финансирани проекти, вклучително и првиот Проект за подобрување на општинските услуги, Проектот за развојн на вештините и поддршка на иновациите, Проектот за условени парични трансфери, Проектот за надградба на патиштата, Проектот за рехабилитација на патиштата, како и енергетскиот проект (ECSEE APL3) се во тековна имплемтација, исплатата е на задоволитено ниво и се на пат да ги постигнат планираните резултати.
Во јануари 2016 година, Светска банка одобри проект во износ од 28 милиони долари за поддршка на вториот Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2), кој според пишаното во изјавата ќе обезбеди подинечни заеми на општините за инфраструктурни инвестиции, како што се снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет која влијае врз добросостојбата на жителите и ефикасноста на услугите. Овие заеми, велат од Светска банка се поврзани со буџетската транспарентност и одговорноста на локалните власти кон нивните граѓани.
Со проектот, посочуваат во изјавата ќе се воведе грант компонента за подобрување на испорака на услугите и инфраструктурата за сиромашните и маргинализирани заедници во општините во Македонија. Средствата наменти за првиот Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП) моментално се исплатуваат на општините во Македонија, вклучително и компонентат од ИПА Руралниот инвестициски фонд, потпишан со Европската Унија во 2014 година, вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) ќе стапи на сила по завршувањето на парламетарните избори во земјата, стои во изјавата на Светска банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст