| четврток, 6 декември 2018 |

Невозможно е да се биде вегетаријанец

Невозможно е целосно да се биде вегетаријанец, а не па веган, тврди еден научник.

Дури и веганите зависат од системот што вклучува животни, тврди Ендрју Смит од Универзитетот „Дрексел“, кој во својот есеј објаснува дека растенијата користат нутритиви од земјата, која, меѓу другото, во својот состав има распаднати растенија и остатоци од животни.

– Значи, дури и оние што сметаат дека јадат исклучиво само растителна храна, внесуваат и храна од животинско потекло – вели Смит.

Според него, луѓето треба да се фокусираат на одржлив начин на живот и помалку да јадат намирници од животинско потекло.

– Таму каде што е тешко да се добијат есенцијални масти од обработени масла, треба да се јаде место, но треба да се биде умерен. Животот е составен од сложена мрежа на меѓусебно зависни односни меѓу поединци, видови и цели екосистеми. Секој од нас позајмува, користи и враќа нутрити. Овој циклус овозможува опастанок на животот. Богатата црница е многу плодна, бидејќи содржи остатоци од умрени животни, како и фекалии од живи – вели Смит, кој јаде исклучиво растителна храна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top