| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка пред кафе-бар во Куманово

Вчера околу 13.00 часот во Куманово, пред кафе-бар на ул. „11 Ноември“ настанала физичка пресметка помеѓу С.А. (22) и Љ.Ш. (20), двајцата од с.Оризари и петнаесетгодишник од с.Слупчане, од една страна и неколку непознати лица од с.Слупчане, од друга страна.

Во физичката пресметка едно лице извадило нож и му нанело повреди на С.А. во пределот на главата, а Љ.Ш. го повредил на десниот лакт. Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, од каде што поради сериозноста на повредите С.А. е пренесен во Клинички центар Скопје, а Љ.Ш. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top