| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарно признание на брат и сестра: Во врска сме, се сакаме

Гледачите на една емисија во Шпанија доживејаа вистински шок кога во студио се појавиле 28-годишна Ана и 23-годишниот Дани, полубрат и полусестра кои на сите им открија дека се во врска.

Во емисијата која се занимава во промена на имиџот на учесниците, тие двајца дојдоа со друга цел.

– Ние не дојдовме само да го промениме начинот на облекување, ние дојдовме да го промениме начинот на живот во целост. Мораме да ви признаеме нешто, а ова е најдобро место за тоа, рече Ана.

Тие имаат иста мајка, а се вљубиле откако дознале дека се брат и сестра. Имено, пораснале одвоено, но се пронашле преку социјалните мрежи после 20 години.

– Во почетокот бевме пријатели, Дани беше покрај мене во многу тешки моменти. Набрзо се вљубивме, раскажа Ана.

Во првиот ред седеа нивните татковци кои оваа вест ги воодушеви, а таткото на Дани ја праша Ана, дали тој може сега да ја нарече снаа.

Во Шпанија, инцесот, ако е доброволен, не е казнено дело, пишува британски „Мирор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top