| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница за филмска музика на „Скопски филмски фестивал“

„Скопје филм фестивал“ организира работилница за филмска музика со Игор Василев – Новоградска, што ќе се одржи утре (четврток) на 28. април, со почеток од 14 часот, во кино „Фросина“.

Игор Василев, попознат како Новоградска, е артист кој на македонската музичка сцена работи уште од 1993 под различни имиња и како дел од различни групи.

Негови песни се наоѓаат на сите позначајни компилации со македонска алтернативна музика, а композитор е и на музика за голем број театарски престави („Тетовирани души“, „Сина соба“, „Дракула“ итн.), големиот хит со Каролина Гочева „Ајде да летаме“, како и на музиката за филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски.

Исто така, утре, 28 април, на програмата на фестивалот, во кино „Фросина“, со почеток од 20 часот, проследете ја програмата Македонска продукција, во рамки на која ќе бидат прикажани девет кратки македонски филмови од најановата продукција. Влезот за оваа програма е бесплатен. Станува збор за филмовите на македонски филмски автори кои носат нови и свежи идеи во македонската кинематографија, меѓу нив се Јане Алтипармаков, Елеонора Венинова, Владимир Лукаш, Небојша Јовановиќ, Гоце Цветановски и други:

БОРБА ЗА СМРТ/FIGHTING FOR DEATH (2016)  Режија: Eleonora Veninova Macedonia, 15 мин.

И ФАБРИКИТЕ ИМААТ ДУША/FACTORIES HAVE A SOUL TOO (2013) Режија: Jane Altiparmakov, Natasa Geleva Macedonia, 7 мин.

НЕЗРЕЛИ ЦРЕШИ/UNRIPE CHERRIES (2015)

Режијa: Nebojsha Jovanovik Macedonia, 17 мин.

БРОД ТРГНАТ КОН НЕМЕРЛИВОТО – ИГОР ИСАКОВСКИ (1970-2014) / A SHIP SAILING OFF TO THE IMMEASURABLE – IGOR ISAKOVSKI (1970-1974) (2015)

Режија: Sašo Dimoski Macedonia, 16 мин.

КРУЖНО ПАТУВАЊЕ НА МАРЕТО/ROUND TRIP: MARY (2015)

Режиja: Zharko Ivanov Macedonia, 10 мин.

ДЕВОЈКАТА ШТО ПАЃА/THE FALLING GIRL (2015)

Режиja: Vladimir Lukash Macedonia, 11 мин.

ЧОВЕКОТ ШТО НЕ САКАШЕ ДА УМРЕ/ THE MAN WHO WOULDN’T DIE (2015)

Режија: Goce Cvetanovski Macedonia, 11 мин.

На програмата за 28 април се и филмовите:

16,00 Милениум

ЦВЕТОТ НА МОЈАТА ТАЈНА/ THE FLOWER OF MY SECRET

Режија: Pedro Almodovar

Улоги: Marisa Paredes, Juan Echanove, Carme Elías, Rossy de Palma, Chus Lampreave

Земја: Spain/France

Времетраење: 103 мин.

Дел од филмот е сниман во областа Ла Манча, домот на Алмодовар во детството, што претпоставува поголема лична нијанса во неговото третирање на болката, осаменоста и на потребата за љубов, особено во заговарањето за враќање на сопствените корени заради стабилност. Во очите на својата мајка, Лео е како „крава без ѕвонче“. Дефиниција која во исто време е смешна и зајадлива во контекстот на филмот и на некој начин ја изразува срцевината на повеќето растроени жени на Алмодовар.

18,00 Милениум

ЈАС И КАМИНСКИ/ ME AND KAMINSKI

Режија: Wolfgang Becker

Улоги: Daniel Brühl, Jesper Christensen, Amira Casar, Geraldine Chaplin, Jördis Triebel, Stefan Kurt, Peter Kurth, Milan Peschel, Josef Hader

Земја: Germany/Belgium

Времетраење: 120 мин.

Базиран врз прочуениот роман, истоимениот бестселер на Даниел Келман,„Јас и Камински“, филмот обележува повторна соработка на режисерот на филмот „Збогум Ленин“, Волфганг Бекер и ѕвездата од истиот филм, Даниел Брил. Тие во овој проект со трагикомичен тон ја раскажуваат приказната на Себастиан Целнер, неуспешен новинар за уметност кој има намера да напише дефинитивна биографија на Мануел Камински, еден од неколкумината преживеани големи сликари на модернизмот.

Целнер е нарцисоиден, но неуспешен културен критичар, кој планира да напише биографија за остарениот уметник кој некогаш како слеп сликар предизвикал лавини на воодушевување во уметничкиот свет, но потоа паднал во заборав. Калкулира да ја пласира книгата насекаде, а која има намера да ја објави веднаш по смртта на уметникот и така успева да ја наруши секојдневната рутина на сликарот која ја карактеризираат старост и осаменост. Ветувајќи му дека ќе му помогне да ја посети својата прва љубов, писателот го води стариот сликар на патување низ Европа, крстарејќи ја цела западна Европа, од Алпите, Франција, Германија и најпосле до северноморското крајбрежје на Белгија.

20,00 Милениум

СЛОБОДЕН ПАД/ FREE FALL

Режија: Gyorgy Palfi

Улоги: Piroska Molnár, Miklós Benedek, Tamás Jordán, Marina Gera, Nóra Lili Hörich

Земја: Hungary/South Korea/France,

Времетраење: 80 мин.

Не постои никој на светов, ниту приближно, што снима филмови како Ѓeрѓ Палфи, enfant terrible од Унгарија, експерт за неочекуваното. По неговиот почеток со нискобуџетниот, експериментален филм „Икање“, па апсолутно неверојатниот „Таксидермија“, се враќа на неговиот препознатлив стил со прекрасниот „Слободен пад“.

Филмот се движи од светот на телесното во светот на менталното, и се удира и минува низ нежните граници на она што се смета за нормално. Убавината на филмот произлегува од минималистичкиот пристап на Палфи, кој бара од гледачите да ги пополнат празнините кога се работи за мотивацијата на протагонистите. Овој омнибус не заостанува зад чудната и шокантна природа на „Таксидермија“, но секако ги достигнува уметничките стандарди на тој филм, а во одредени моменти дури и ги надминува.
Седумте приказни од филмот се надополнети со музиката на Амон Тобин.

22,00 Милениум

МОЈОТ КРАЛ/ MY KING

Режија: Maïwenn

Улоги: Vincent Cassel, Emmanuelle Bercot, Louis Garrel, Isild Le Besco

Земја: France

Времетраење: 128 мин.

Она што го прави филмот посебен не е само приказната, туку и начинот на кој ликовите во него му даваат живот, создавајќи исклучително цврста, детална врска низ која можеме да ги доживееме подемите и падовите, радостите и страдањата, сексуалната екстаза и тешките емотивни предавства на сјајната жена која за малку ќе ја уништат.

Венсан Касел (кој го игра Џорџо) и Луј Гарел (кој го игра братот на Тони) покажуваат комичен талент од светска класа, а Емануел Берсо (која играше и во претходниот филм на режисерката Маивен „Милиција“) дава повеќеаспектна и длабоко човечка интерпретација на заведена жена која се бори -буквално- за својот живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top