Фотографиите, главно, се тоа што ни останува од најмилите кога ќе нѐ напуштат. Но, што се случува кога тие зборуваат сѐ уште недоживеана приказна?
Не можам ни да ви опишам како се чуствувам во моментов. Тоа низ кое поминувам е толку нереално што ми го губи разумот.
Мојата сопруга Беа почина на породувањето. Таа беше преубава, духовита, интелегентна и тврдоглава. Жена која секогаш ги мамеше погледите на другите луѓе. Се изгубив кога ја раѓаше наша ќерка, Сем…
Секако, можев да го обвинувам малото суштество што ми го зема нештото што го сакав најмногу на светот, најчистата работа што некогаш сум ја поседувал. Но, не сум. Знаев сам дека Беа не би сакала да ја отфрлам нашата ќерка. Не би сакала да ѝ го упропастам животот со својата омраза.
Но нема да ви говорам за своите грешни мисли за физичката болка која ќе ја чуствувате кога ќе загубите сакана личност. Ќе ви говорам за нешто многу погрешно.
Мојата ќерка е многу живо суштество, кое правеше вистински хаос во градинка. Кога го прославувавме нејзиниот 6. роденден, ја носев на кино со своето друштво. Трчаше по улицата, и кога сосема ќе ја изгубев од вид ќе го слушнев нејзиниот глас, татичко побрзај! Ја обожавав…
Се трудев да ја стигнам, така и беше. Но кога беше презафатена барајќи ме со поглед, возачот на автобусот не закочи навреме. Влегувам во црква и ме обзема мртвило. Го држев во прегратки тоа безживотно тело, обземен со болка и солзи.
Чуствував топла крв како ми се слева по облеката. Во таа состојба на шок, размислував само како ќе ја отстранам дамката. Знам дека тоа звучи ужасно, но таков шок и болка наведува да размислувате на најбанални работи.
Наа неделата по тоа и не се сеќавам. Гледам само лица кои ми изјавуваат сочуство и го слушам своето забрзано и немирно срце како чука.
На погребот бев во црно, и тука не мислам само на гардеробата. Целото мое тело беше мрачно. Ништо не чуствував. Сите сакаа да разговараат за тоа како Сем била совршена, а јас не можев да го слушам тоа.
Тогаш еден човек стана и ми даде една книга со кожни корици. Во тој момент, претпоставив дека тоа е родител на некои од пријателите на Сем, кој ми дава фотографии на кои е и мојата ќерка.
Еден месец бев мртов и изгубен. Затворен во нашиот празен стан, и не престанував да пијам. Се појави мојата сестра која ме натера да се тргнам од сето тоа и да функционирам како нормален човек.
Тогаш за првпат ја отворив книгата. Посакав да го видам насмеаното лице на мојата ќерка. Првата страница беше преполна со фотографии од мојата ќерка додека растеше. Тоа ме изненади. Сите беа сликани оддалеку и беа прилично матни. Јас бев на повеќето од нив.
Свртев понатаму во потрага по објаснување. Имаше и моменти од нејзиното раѓање па сѐ до 6. роденден, изгледаа како филм. Сепак, книгата имаше многу страни, па претпоставув дека другата половина беше празна.
Меѓутоа, најдов фотографии од нејзиниот 6. роденден, баш пред да одиме во кино. Го препознав нејзиниот розов мантил, а јас стојам зад неа и ги држам рацете на нејзините рамена.
Немаше фотографии од нејзината несреќа. Наместо тоа, во книгата пронајдов остаток од нејзиниот живот каков би бил да не умреше. Ги видов нејзиниот 7. роденден и себе и неа во двор како фотографираме.
Ја затворив книгата и гледав во празно. Си реков, ова го исфотошопирал некој садистички манијак. Сепак, решив да погледнам што има уште .
Видов кога ги извадила млечните заби, потоа првиот ден од училиште. Меѓутоа, како што поминуваа годините, така фотографиите беа сѐ појасни и пооштри. Фотографот ѝ приоѓал сѐ поблиску.
Беше преубава. Ја видов во нејзините тинејџерски години, беше иста како нејзината мајка, косите и беа во локни а таа беше со широка насмефка. И јас остарев, но се помалку ме имаше на фотографиите.
Нејзиниот 16. роденден беше чуден. Таа со група пријатели на пикник пие од платично шише. Но, има уште нешто во заднината. Покрај грмушките стои мрачна црна фигура. Немаше да забележам да немаше сенка на тревата.
Мрачната фигура продолжи да се појавува и на наредните фотографии. Речиси и да можев да го препознаам ликот. Продолжив да ги листам страниците, и дојдов до 18. роденден. Тука не успеав да ја препознаам нашата куќа, тоа беше непознато место.
Видов мрачна куќа и нејзиното преплашено лице. Беа повеќе фотографии, а таа на секоја беше во бизарна поза. На некои беше облечена како античка кралица, на некои како чистачка. Мрачната фигура стоеше покрај неа…
Во која облека и да беше, нејзиното лице откриваше болка и ужас. Имаше модрици по лицето и изгледаше како да е болна. Моето девојче… Мислев дека ќе умрам на самото место.
Сепак продолжив да листам…
Последната фотографија што ја видов пред да ја затворам книгата и да се заколнам дека повеќе нема да ја отворам, беше на нејзиниот 18. роденден. Под фотографијата пишуваше „Конечно“.
Гледаше во апаратот, со солзи во очите. Беше на колена, во свечен црн фустан, со јаболко во устата и со рацете врзани зад грб. Шминката ѝ се разлила по лицето од солзи…
Изгледаше како да ме моли да ѝ помогнам. Но не можев…
Ја затворив книгата и излегов од собата додека телото ми се тресеше. Не можев да повикам полиција, таа веќе беше мртва.
Тоа што ме држи буден е моментот дека не ја прелистав целата книга…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст